06.11.2018
ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Македонија бр.24/2011, 51/2011 и 148/11) Друштво за производство и продажба на кондиторски производи ЕВРОПА ДООЕЛ ШТИП со седиште на ул. Д-р Слободан Јовановски бр. 3 и ЕДБ 4029998114171 во Штип на ден 22.10.2018 ги донесе следните:
ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
“ПУКНИ ГО БАЛОНОТ стани CUNGA LUNGA суперхерој„
ПРИРЕДУВАЧ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 1
Приредувач на наградната игра “ПУКНИ ГО БАЛОНОТ, стани CUNGA LUNGA суперхерој“ (во понатамошниот текст: наградна игра) е компанијата Европа ДООЕЛ Штип со седиште на ул. Слободан Јовановски бр.3, Штип (во понатамошниот текст: приредувач).
ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 2
Име на наградната игра е “Пукни го балонот, стани CUNGA LUNGA суперхерој“
Член 3
Наградната игра “Пукни го балонот, стани CUNGA LUNGA суперхерој “ ќе трае еден и пол месец започнувајќи од 07.11.2018 во 00:00:01 часот и ќе трае до 17.12.2018 во 23:59:59 часот.
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 4
Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.
ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 5
Цел на оваа наградна игра е рекламирање на производите; мастики, лижавчиња и целокупната палета на кондиторски производи, како и одново запознавање со брендот CUNGA LUNGA.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Член 6
Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, жители на Република Македонија кои имаат над 18 години, во понатамошниот текст “учесници“, кои ги прифаќаат условите на овие правила: учесниците кои за време на наградната игра, ќе купат CUNGA LUNGA производи (мастики, лижавчиња или било кој друг производ од палетата на CUNGA LUNGA) од било кој вкус во вредност од 25 денари и ќе го испратат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час, минута, дополнително и секунди) преку СМС/VIBER порака на телефонскиот број 14774 од било кој мобилен оператор во Р. Македонија.
Учесниците на наградната игра ќе можат да испраќаат СМС/VIBER пораки од 07.11.2018 година од 00:00:01 часот до 17.12.2018 година до 23:59:59 часот. Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност со истите.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 7
Со испраќање на бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (часот, минута; секунда) на која се евидентирани купените производи на CUNGA LUNGA во вредност од 25,00 денари преку СМС/VIBER пораката на бројот 14774, кој важи за сите мобилни оператори без користење на префикс (цената на СМС пораката изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ) се регистрираат за учество во наградната игра.
Секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купените производи да ја чува до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата. Сите СМС пораки кои ќе бидат испратени пред започнувањето на наградната игра (пред 07.11.2018 00:00:01 часoт), како и сите СМС пораки кои ќе бидат испратени по завршувањето на наградната игра (по 17.12.2018 година 23:59:59 часот) нема да учествуваат во извлекувањето на наградната игра.
Не постои никакво ограничување во поглед на бројот на испратени пораки од страна на еден учесник. Една фискална сметка со купени CUNGA LUNGA производи може да учествува во наградната игра само еднаш.
Валидни ќе бидат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на времетраењето на Наградната игра согласно член 3 од овој правилник.
Сите испратени броеви на фискални сметки преку CMC/VIBER пораки, од страна на приредувачот на наградната игра ќе бидат верификувани. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор.
Повратните одговори се следниве:
• Кога учесникот праќа целосна/точна порака (број на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час,минута), системот испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и дека треба да ја чува фискалната сметка за доказ доколку добие награда.
• Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана и ќе содржи пример како треба да изгледа пораката.
• Доколку се испрати празен CMC/VIBER, системот испраќа одговор дека пораката е празна и дека е потребно да се изврши исправна регистрација.
• Доколку биде испратен CMC/VIBER со претходно испратен број на издавање на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час, минута), системот испраќа одговор дека испратениот број е веќе искористен.
• Доколку биде испратен CMC/VIBER во периодот пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор на бројот од мобилниот телефон на лицето што се обидело да се регистрира, дека наградната игра сè уште не е започната.
• Доколку биде испратен CMC/VIBER во периодот по завршувањето на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра е завршена.
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 8
Вработените во Европа ДООЕЛ Штип, со седиште на ул. Брегалничка ББ, Штип како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.
Член 9
Пред почетокот на наградната игра “ПУКНИ ГО БАЛОНОТ, стани CUNGA LUNGA суперхерој“, по добивање на согласност од Министерството за финансии учесниците ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра како и за нејзиното времетраење со објава на правилата на наградната игра на www.cungalunga.com, македонската FACEBOOK страница на CUNGA LUNGA и преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (флаери, постери)
НАГРАДЕН ФОНД
Член 10
Наградната игра располага со следниот фонт на награди:
Награда |
Количина |
Единечна цена + ДДВ |
Вкупно + ДДВ |
лаптоп |
х3 |
12,990.00 ден. |
38,970.00 ден. |
дрон |
х3 |
3,135.60 ден. |
9,407.00 ден. |
Action камера |
х4 |
2,625.25 ден. |
10,501.00 ден. |
Smartwatches |
х6 |
1,239.00 ден. |
7,438.00 ден. |
Ховерборди |
х2 |
13,271.50 ден. |
26,544.00 ден. |
JBL wireless звучници |
х10 |
1,604.30 ден. |
16,043.00 ден. |
Електричен скутер |
х1 |
60,885.05 ден. |
60,885.05 ден. |
CUNGA LUNGA пакети |
х82 |
1,011.95 ден. |
82,980.00 ден. |
Instax Камери |
х6 |
6,499.00 ден. |
38,994.00 ден. |
Таблети |
х6 |
4,690.00 ден. |
28,140.00 ден. |
|
|
Севкупно |
319,902.00 ден. |
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 11
Наградната игра започнува на 07.11.2018 во 00:00:01 часот, а ќе трае до 17.12.2018 во 23:59:59.
Извлекувањето на наградите ќе се одржува секојдневно во периодот од 08.11.2018 година до 18.12.2018 во 12 часот, во просториите на VIRTUAL SC (Булевар Партизански Одреди, број 62, 1000, Скопје) по електричен пат и случаен избор и ќе се доделат следниве награди:
1 електричен скутер
2 hoverboard(а)
3 дронови
4 Action Камери
3 Лаптопи
6 Smartwatches
10 JBL звучници
6 Instax Камери
6 таблети
82 пакети CUNGA LUNGA
Една од главните цели на оваа наградна игра беше да се поделат што повеќе награди на нашите потрошувачи, па поради тоа одлучивме секој ден да даваме по една повредна награда.
Секојдневно во периодот од 07.11.2018 до 17.12.2018 се доделуваат по два пакети CUNGA LUNGA.
Во периодот од 07.11.2018 до 17.12.2018 има 6 понеделници каде последниот е 17.12.2018, кога се доделува главната премија, односно електричниот скутер.
Секој понеделник се доделува по еден smartwatch, освен на 17.12.2018, а smartwatch-от предвиден за тој датум се доделува на 20.11.2018.
Во периодот на наградната игра има 5 вторници. Секој вторник се доделува по една action кaмера, освен на 20.11.2018., кога се доделува smartwatch.
Во периодот на наградната игра има 6 среди. Секоја среда наизменично односно на неделно ниво се доделуваат дрон или лаптоп, додека на првата наградна среда се доделува дрон.
Во периодот на наградната игра има 6 четвртоци. Секој четврток се доделува по еден таблет.
Во периодот на наградната игра има 6 петоци. Секој петок се доделува по една instax камера.
Во периодот на наградната игра има шест викенди. Првите пет викенда се доделува по еден JBL звучник.
На шестиот односно последниот викенд (15.12.2018/16.12.2018) се доделуваат два ховерборди.
Последниот понеделник, воедно и на последниот ден од наградната игра се доделува еден електричен скутер.
Добитниците ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерска програма, софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратена порака од секој учесник. Извлекувањето на наградите ќе биде контролирано од страна на комисија составена од провајдерот VIRTUAL SC и претставници од ЕВРОПА ДООЕЛ, Штип и тоа:
- Ивана Смилевска (Европа)
- Ангела Мишева (Европа)
- Дејан Штерјов (Европа)
- Virtual SC со агрегатор Мобико Дооел Скопје
Добитниците на наградите, системот ќе ги исфрли одеднаш за секоја награда одделно, според софтвер припремен за тоа. На крајот на извлекувањето ќе бидат извлечени и резервни добитници. Добитниците ќе бидат известени преку СМС порака од телефонскиот број CungaLunga. Добитниците ќе бидат контактирани од страна на организаторот за подигнување на наградата во рок од 72 часа од телефонскиот број 076/263988.
Доколку добитникот не се јави во предвидениот рок, наградата ќе се додели на резервниот добитник.
Доколку добитникот нема валидна фискална сметка (копија на фискална сметка од маркет се смета за невалидна) наградата ќе се додели на резервниот добитник.
Фискалната сметка треба да се чува како доказ за купениот производ и прикаже при подигање на наградата. Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците испратени на СМС/VIBER пораката која е извлечена како добитник.
Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за СМС/VIBER пораките што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.
Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, односно со купување на производите на CUNGA LUNGA во вредност од 25,00 денари и тоа мастики, лижавчиња или преостанатите производи од палетата на CUNGA LUNGA до датумот на завршување на наградната игра и испраќање на СМС/VIBER порака со бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час, минута) на бројот 14774, од кој било мобилен оператор во Р. Македонија.
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ И НАЧИН НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 12
Резултатите, односно телефонските броеви на добитниците со заштитен префикс и броевите кои се испраќаат во СМС/VIBER пораките (број на фискална сметка и час и минути на купување) ќе бидат објавени на сајтот на CUNGA LUNGA (www.cungalunga.com) на дневно ниво. Добитниците ќе бидат известени преку СМС порака на телефонскиот број од кој ја пратиле СМС/VIBER пораката за учество на наградната игра и од нив ќе се бара да ја приложат фискалната сметка, пред да ја добијат наградата.
По утврдувањето на личните податоци (име, презиме, адреса и идентификација со лична карта) и увидот на фискалната сметка како доказ за добивката, освоената награда може да се подигне од дирекцијата на CUNGA LUNGA најдоцна 30 дена по добивањето на SMS пораката односно од објавувањето на добитниците на www.cungalunga.com.
Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка подготвена и заверена од приредувачот на наградната игра.
Подигнувањето на наградите треба да се изврши во рок од 30 дена по добивањето на добитната СМС порака.
ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 13
Приредувачот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на доход.
ПРИГОВОРИ НА УЧЕСНИЦИТЕ
Член 14
Незадоволниот учесник има право да поднесе писмен приговор до приредувачот на наградната игра, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на резултатите на добитници те на наградите и тоа на адреса ул. Др. Слободан Јовановски, Штип. Приредувачот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.
ОДГОВОРНОСТ
Член 15
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
Приредувачот не одговара за евентуалните штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра. Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ
Член 16
Од моментот на преземање на наградата, престануваат сите обврски на приредувачот кон добитникот на наградата.
ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 17
Наградната игра може да се прекине по известување и одобрување од страна на Министерство за финансии, во случај ако настапат околности за кои приредувачот на наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои приредувачот не можел да ги спречи, отстрани или избегне, согласно член 8 од Законот за игри на среќа и забавни игри. Учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра ќе бидат известени по електронски пат или преку друг јавен медиум.
СОГЛАСНОСТ И СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 18
Со испраќање на СМС/ VIBER порака за учество во наградната игра учесникот ги прифаќа Правилата и условите за учество и со тоа се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на приредувачот согласно законот за заштита на лични податоци.
Ова вклучува собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на личните податоци. Обработката и преносот на податоци од страна на Приредувачот на наградната игра е со цел полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра.
Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чиешто учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.
Приредувачот се обврзува дека сите лични податоци ќе ги обработува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти за заштита на личните податоци, кои се во моментот во сила, и само за цели поради што податоците се собрани.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските кои произлегуваат од Правилата на наградната игра. Правилата на наградната игра ги пропишува приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената согласност која ја дава Министерството за финансии на РМ. Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на интернет страницата на CUNGA LUNGA (www.cungalunga.com), пред почетокот на наградната игра.
За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети, постери).
РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ
Член 20
Договорните странки се согласни сите спорови кои ќе произлезат од наградната игра да се решат спогодбено, а во спротивно надлежен е Основниот суд во Скопје.
Приредувач: Европа ДООЕЛ ШТИП