Се започна со најдобриот илустратор, цртач на стрипови и детски ликови во Словенија, Мики Мустер, кој ја замисли и создаде приказната за Чунго – детски лик на младо момче со сон да прави големи нешта.
И потоа големите нешта започнаа самите да се случуваат на магичен начин низ цела тогашна земја Југославија.
За кратко сите деца знаеја за Чунго од Словенија се до Македонија и уживаа во вкусот на мастиките.
Се натпреваруваа кој ќе направи поголем балон или разменуваа сликички пред зграда, учествуваа во наградните игри и освојуваа многу вредни награди. Времето минуваше и брендот започна да расте, да се развива, да создава нови начини за комуникација со децата.
Во меѓувреме се создадоа и нови држави и Чунго посака да дојде во Македонија. Така госоздадовме градот Чунга Лунга, ја создадовме бандата џвакери - пријателите на Чунго со кои тој игра и лудува, првите љубови, првите проблеми...
Приказната за Чунго се создава и раскажува денес, како и пред 40 години, а Вие наши драги сте дел од неа. А Чунго повторно ги освојува срцата на децата сега од Македонија до Словенија и многу е сакан исто и во Америка, бидејќи сите деца имаат една заедничка пасија – нивната љубов кон гумата за џвакање, големите балони и детската наеуморна игра.
Бандата џвакери тргнува во освојување на светот!
Дел од нашата приказна е и Чунга Лунга бренд амбасадорот Даниел Георгиевски, најдобриот млад фудбалер во Македонија, кои гордо ги носи боите на Чунго.
А одговорна за најслатките Чунга Лунга задоволста, како гуми за џвакање, карамели, лижавки, тврди и полнети бонбони, желеа и друго, е групацијата Макпромет од Штип која постои од далечната 1957 година.