23.8.2011
Интернационалниот музички фестивал за деца „Чунга Лунга“ на 23 август за прв пат ќе се одржи во Долни Сарај, Охрид како дел од фестивалот Охридски трубадури.
„Охридски трубадури е музички фестивал со 18 годишна традиција кој го негува реномето во Македонија но и Балканот. Особено ми е драго што и Чунга Лунга фестивалот оваа година ќе стане дел од Охридски трубадури. Чунга Лунга фестивалот прераснува во фестивал на високо ниво на професионалност и кој знае можеби во иднина ќе можеме да очекуваме учесници и на трубадури токму од овој детски фестивал“ изјави Григор Копров, директорот на Охридски трубадури. Почетокот на фестивалот е во 20.30 часот а ќе настапат учесници од повеќе земји, меѓу кои Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора. „Чунга Лунга“ фестивалот е од натпреварувачки карактер а победникот ќе го избере музичко жири составено од 12 члена.
Традиционално овој фестивал секоја година се одржува во Штип, но сега за прв пат ќе биде дел од фестивалот за забавни песни Охридски трубадури“.
*Превземено од веб страницата www.elementpr.mk