19.9.2011
Макпромет Штип, позната по производство на брендот "Чунга лунга" го зголеми извозот на своите гуми за џвакање во Соединетите Американски Држави од досегашните 50 тони годишно на 50 тони месечно.
Како што информираат од компанијата, се работи а за пазар од над 300 милиони потрошувачи, а зголемениот извоз се должи на новата опрема.
- Модернизација на производството, користење висококвалитетни суровини го поздравија и потрошувачите кои позитивно реагираа на пазарот - вели Данче Ѓурова, менаџер за кондиториски производи од Макпромет Штип.
Според неа досега акцентот во извозот беше ставен на европскиот пазар, земјите од поранешна Југославија, како и во Израел. Ѓурова појаснува дека успехот на компанијата се должи и на редовното учество на саеми за кондиторски производи, како што е најреномираниот во Келн, Германија.
- Со учество, пак, на саемот во Дубаи идниот месец планираме да почнеме да ги освојуваме азиските земји со македонската гума за џквакање - вели Ѓурова.
Во Макпромет Штип се произведуваат различни кондиторски производи - бонбони, карамели, лижавчиња и гуми за џвакање.
*Превземено од веб порталот www.vecer.com.mk