25.12.2011
Штитениците од Центарот за рехабилитација во Топанско Поле добија новогодишни пакетчиња донација од брендот Чунга лунга.
На пригодна забава Дедо Мраз, покрај пакетчиња им подели и играчки на 85-те штитеници во Центарот, соопшти компанијата Макпромет од Штип.
- Преку оваа акција освен детските насмевки и дружење, сите присутни можеа да ја почувствуваат радоста на дарувањето и на искрената дестка среќа, како и да уживаат во приредбите што се потрудија да ги организираат децата во знак на благодарност. Чунга лунга и понатаму ќе се води според досегашниот мотив на постоење, а тоа е излагање во пресрет на најмладите, дружење и многу изненадувања, стои во соопштението.
Компанијата Макпромет-Штип, покрај во Центарот за рехабилитација во Топанско Поле организираше голема новогодишна хуманитарна акција за најмладите и во домовите на СОС Детско село, „25 Мај“, „11 Октомври“, училиштето „Иднина“, заводот „Ранка Милановиќ“, заводот за рехабилитација „Бања Банско“, домот за доенчиња во Битола и „Искра“ во Штип.