Првоаприлска забава со Чунга Лунга
29.3.2012

По повод Денот на шегата први април, „Чунга Лунга“ организира мини Априлијада на плоштадот Македонија.

Дружењето, шегувањето и забавувањето ќе почнат во 10 часот и ќе траат до 18 часот. Ликовите од бандата Чунга Лунга (Чунго, Луна, Мона...) заедно со тим аниматори ќе ги забавуваат сите дечиња кои ќе дојдат пред спомен плочата на Мајка Тереза, каде ќе биде поставена Чунга Лунга - Долината на задоволства. А тука ќе има подароци, гуми за џвакање, карамели, кроасани, лижавчиња за сите дечиња, како и вртење хулахоп, скокање на ластик, потпишувања на Ѕидот на желбите кој ќе патува до Кралството Чунга Лунга, фотографирање, правење балон...
Ќе има уште една дружба во Штип, во Домот на млади, каде што ќе биде организиран мини фестивал Чунга Лунга и мини ревија под маски со деца.

*Превземено од www.majkaidete.mk